МВР СО ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА ВО КОЈА ЗАГИНА МЛАДА СОПАТНИЧКА, „мерцедесот“ излетал од патот
Од Министерство за внатрешни работи денеска со детали за сообраќајната незгода во која животот го загуби 25 годишна сопатничка од демирхисарско.
Како што соопштија од МВР, несреќата се случила во текот на вчерашниот ден - вторник 21 март, во 16:15 инути на регионалниот пат Битола - Кичево.
- Во СВР Битола било пријавено дека кај место викано „Белимост“, патничко моторно возило марка „мерцедес“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(33) од с.Белче, демирхисарско, излетало од патот.
Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала сопатничката Ј.Г.(25) од с.Белче, демирхисарско. Истовремено, малолетен сопатник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обукција - се наведува во извештајот.
