Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР со детали за сообраќајката во која почина младиот доктор Нешковски

МВР со детали за сообраќајката во која почина младиот доктор Нешковски

МВР излезе со детали за сообраќајката во која почина 32 годишниот Трајче Нешковски, млад 32 годишен специјалист интернист кој раководител на тимот во Ковид центарот во Козле. 

„На 14.10.2020 во 16.45 часот било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје се случила собраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(32) од Гостивар и патничко возило „опел“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К.(34) од с.Просениково, струмичко.  Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Со телесни повреди се здобила Г.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, се вели во соопштението од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

Слично

Поврзани вести