Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР СО ДЕТАЛИ ЗА ШВЕРЦЕРИТЕ КОИ КРИЕЛЕ МАРИХУАНА ВО НУТЕЛА ПАКУВАЊА - возач била 32-годишната А.К. од Валандово

МВР СО ДЕТАЛИ ЗА ШВЕРЦЕРИТЕ КОИ КРИЕЛЕ МАРИХУАНА ВО НУТЕЛА ПАКУВАЊА - возач била 32-годишната А.К. од Валандово

По објваите дека на Граничен премин Стар Дојран, е откриена голема заплена на дрога, која била криена во тегли со нутела и други слични производи, Министерство за внатрешни работи објави дека лишени од слобода две лица за кои ќе следува пријава.

- На 19.05.2026 околу 23:30 часот на Граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран ги лишиле од слобода 32-годишната А.К. од Валандово и Н.С.(36) со живеалиште во Нов Дојран. При контрола и преглед на патничко возило „сеат атека“ со гевгелиски регистарски ознаки на излез од државата, кое го управувала А.К., а сопатник бил Н.С., биле пронајдени и одземени пет торбици во кои имало 66 пакувања со марихуана - посочуваат од МВР.

Додаваат дека за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија.

Во врска со настанот, СВР Струмица изврши претреси на повеќе локации и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.




Слично

Поврзани вести