МВР СО ДЕТАЛИ ЗА ПОЖАРОТ КАЈ ЗЕЛЕН ПАЗАР: Гореле БМВ и Цитроен
За пожарот кој синоќа се случи во близина на Зелен пазар, од МВР велат дека истиот се случил на паркинг на еден час пред полноќ.
(ВИДЕО) Пожар избувна кај Зелен пазар во Скопје
„На 24.09.2025 во 23:07 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на бул. „11 Октомври“ во Скопје, било опожарено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а од огнот било зафатено и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, како и дел од продажен објект. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.
Слично
