Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР со детали: Турскиот државјанин бил убиен во Старата скопска чаршија

МВР со детали: Турскиот државјанин бил убиен во Старата скопска чаршија

Турскиот државјанин бил убиен по полноќ за време на новогодишната ноќ во Старата скопска чаршија, објави МВР детали во полицискиот билтен. Пронајдено е уште едно тешко повредено лице со рана од остар предмет.

- На 01.01.2026 во 01:11 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред угостителски објект во „Стара скопска чаршија“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што две лица се здобиле со повреди од остар предмет. 

Полициски службеници излегле на местото и со повреди од остар предмет се пронајдени А.М.Д.(22) од Турција, кај кого во 01:30 часот лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, и Ч.Е.(23) од Турција, кој е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, објави МВР.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести