МВР со детали: Пукано во петорица во Александар Палас
МВР попладнево потврди дека синоќа после полноќ било пукано со автоматски пушки кон пет лица во скопскиот хотел Александар Палас и дека нема повредени.
„На 01.12.2019 околу 00,35 ч. пријавено е пукање од огнено оружје во хотел Александар Палас во Скопје. Повредени лица нема“, гласи полицискиот билтем.
Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив.
Едно од лицата кои биле цел на нападот, Љ.Ќ., се испоставило дека е полициски службеник кој не бил на работа.
Тој во самоодбрана испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале.
Во моментов се работи на расчистување на случајот.
Слично
