Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР СО ДЕТАЛИ: Групата во Куманово е од еврејска заедница, ќе си одат наскоро

МВР СО ДЕТАЛИ: Групата во Куманово е од еврејска заедница, ќе си одат наскоро

Секторот за внатрешни работи Куманово се огласи по информацијата која ја објави Фактор, а во која граѓани на овој град се жалеа дека забележале луѓе во градот за кои тврдеа дека се припадници на некоја секта.

Од СВР Куманово велат дека групата лица забележана во Куманово претставува група припадници на Еврејската верска заедница. 

„Овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Во групата има Американски, Канадски, Белгиски и граѓани од Јужна Америка, тие имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во Републиа Северна Македонија. Според информациите со кои располага МВР, групата е во постојано движење и во наредните денови се очекува да ја напуштат нашата држава. СВР Куманово ги информира граѓаните на Куманово дека наведената група не претставува никаква опасност и апелира на толеранција и солидарност кон истите, стои во соопштението.

Слично

Поврзани вести