МВР со детали - Гергиевски починал на местото на несреќата
Министерството за внатрешни работи го потврди инцидентот во кој закона македонската кошаркарска легенда, Благоја Георгиевски Буштур.
Тој, како што соопшти МВР починал на самото место на инцидентот. Телото е предадено на обдукција.
„На 29.01.2020 околу 23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Србија“, во близина на крстосницата со ул.„Христо Татарчев“, возило „фолксваген кеди“, со скопски регистарски таблички, управувано од Б.Г.(70) од Скопје, удрило во бетонска жардињера. Во незгодата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, соопшти МВР.
Нема повеќе податоци за тоа кои биле причините за несреќата, откако претходно се појавија неофицијални информации дека најверојатно како можни причини се дождливиот коловоз и неприлагодена брзина.
Токму пред да загине во кобната сообраќајка, легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур, бил на вечера со популарниот босански пејач на „Бјело Дугме“ и „Дивље јагоде“ Ален Исламовиќ.
Исламовиќ тоа го објави на својот фејсбук профил, а објави и фотографија од вечерата со Буштур.

Тој изрази големо жалење за нашата кошаркарска легенда.
фото 24 инфо
