Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР СО ДЕМАНТ ДО ЕДЕН ОД ПОЛИЦИСКИТЕ СИНДИКАТИ - придонесите се платени за сите полицајци во законските рокови

МВР СО ДЕМАНТ ДО ЕДЕН ОД ПОЛИЦИСКИТЕ СИНДИКАТИ - придонесите се платени за сите полицајци во законските рокови

МВР се огласи по тврдењето на еден од полициските синдикати дерка не биле плаќани придонеси за полициски службеници.
Велат дека само за едно лице уплатиле ретроактивно придонеси, бидејќи претходно му бил прекинат работниот однос, а потоа било вратено на работа со судска пресуда.
„Во врска со прес конференцијата на еден од синдикатите во МВР, ја известуваме јавноста дека за сите вработени во Министерството за внатрешни работи се уплатени придонесите во законски утврдените рокови, но настанат е проблем при пријавување на лице за кое ретроактивно се уплатени придонеси за социјално осигурување, а кое било вратено на работа со судска пресуда откако претходно му бил прекинат работниот однос. МВР веднаш презеде мерки за решавање на проблемот и во координација со Фондот за здравство и УЈП проблемот ќе биде надминат во најскоро време. 
Апелираме да не се шират дезинформации во јавноста“, се вели во соопштението од МВР.

Слично

Поврзани вести