Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР СО БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ - еве каде да се јавите за нивните услуги

МВР СО БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ - еве каде да се јавите за нивните услуги

Ако сакате да добиете информација за тоа како сега по ново ќе се обезбедуваат било какви услуги и сервис од Министерството за внатрешни работи, тоа ќе можете да го сторите на бесплатниот телефонски бро, како и на мејлот, кои МВР од утре ги става на располагање на граѓаните.

Информации ќе можат да се добијат и на македонски, и на албански јазик.

„Министерството за внатрешни работи од утре (18.03.2020) во функција ги става бесплатната телефонската линија 080000201 и мејлот mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk каде граѓаните (на македонски и албански јазик) ќе можат да добијат соодветна информација во однос на функционирањето на услугите и сервисите на МВР во претстојниот период согласно состојбата со коронавирус и препораките на Владата“, се вели во соопштението до Министерството.

Оттаму информираат дека вработените во МВР, каде што тоа е возможно, ги редуцираа контактите со странките во делот на постапки и услуги кои не се итни и кои не се ограничени со рокови. 

„Секогаш кога е тоа возможно, се користи телефонска или електронска комуникација, со цел да се одбегне доаѓањето на граѓаните во институцијата доколку тоа не е неопходно“, соопштија од Полицијата.

Слично

Поврзани вести