Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР СМИРУВА: Полицијата е подготвена да се справи со бегалците

МВР СМИРУВА: Полицијата е подготвена да се справи со бегалците

Граѓаните да не се грижат, бидејќи полицијата е подготвена да се справи со евентуален нов бран на бегалци.

Овие смирувачки тонови ги испрати портпаролот на МВР Тони Ангеловски кој вели дека полицијата е постојано присутна на јужната граница и заедно со  полициски службеници од неколку пријателски држави се борат со нелегалните обиди за влез во земјава.

Според Ангеловски, состојбата во бројот на обиди за нелегален влез е непроменета

Дека државата е подготвена за справување со нов наплив на бегалци од Сирија, тврди и вицепремиерот Бујар Османи кој вели дека заедно со ФРОНТЕКС и земјите членки, Македонија може да се справи со евентуален хипотетички бегалски бран.

Имено, во овој момент, илјадници бегалци се наоѓаат на границата со Грција и Бугарија, а ЕУ нема план Б , откако Турција извиси и ги пушти мигрантите.

Слично

Поврзани вести