МВР: Се тепале во авион на скопскиот аеродром
МВР извести дека вчера дошло до тепачка во авион кој слетал од Германија на скопскиот аеродром.
Во тепачката учествувале двајца македонски и еден германски државјанин.
„На 14.01.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“,информира полицијата.
Слично
