Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

Полицијата излезе со детали за изборниот процес. Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информираше дека од отворањето на гласачките места од 7 часот не се забележани поголеми проблеми. 

„Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип. Во радовишко, едно лице го покажало гласачкото ливче на набљудувач. За сите овие настани се преземаат мерки за расчистување. Во Чаир се забележани летоци врз паркирани автомобили, а се регистрирани и два графити. На едно гласачко место во Скопје, од страна на шеф на избирачки одбор, е пријавено дека е пронајдена испукана чадна бомба“, вели Ангеловски. 

Тој повика граѓаните да се воздржат од инциденти, а доколку ги има, да пријават во полиција. 

Слично

Поврзани вести