МВР РАСТУРИ СВАДБА ВО СТРУМИЧКО - имало 300 гости, ќе следуваат кривични пријави
Правеле свадба со 300 гости, но биле откриени од полицијата.
МВР јави за овој настан, ќе следуваат и кривични пријави.
„На 28.02.2021, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Кривичниот законик.
Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. За настанот бил известен Јавен обвинител“, стои во соопштението од МВР.
