Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Проектот со позорникарите во Куманово е успешен, маалски полицајци и во другите градови

МВР: Проектот со позорникарите во Куманово е успешен, маалски полицајци и во другите градови

Во наредниот период акцент ќе биде ставен на воведување на позорната служба во што е можно поголем број градови во државата за полицијата да биде вистински сервис на граѓаните, информираат денеска од МВР..

– Проектот за т.н. маалски полицаец почна со имплементација во Куманово, каде има 70 позорникари кои покриваат 17 реони и веќе ги дава соодветните резултати. Позорната служба има исклучително значење во делот на превентивното работење, зближување со граѓаните, познавањето на средината во која работи позорникарот и градење на врската полицаец-граѓанин. Можноста за правовремено информирање, познавањето на средината и околностите, можноста за постојана комуникација со граѓаните, се атрибути што од позорникарството прават неопходен инструмент што многу ги олеснува натамошните фази од полициските постапки, независно за која од областите на криминалитет станува збор - информира минситерството.

Веќе се завршени сите неопходни подготовки и овој проект многу скоро ќе се имплементира во Кочани, Тетово, Гостивар и Кичево. Потоа ќе продолжиме со воведување на позорната служба во Штип, Струмица, Валандово, Гевгелија и други градови, се наведува во соопштението.


Слично

Поврзани вести