МВР: Продолжен рокот на патните исправи и возачките дозволи, но кој сака може да извади нови
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е продолжен рокот на важност на патните исправи и возачките дозволи чиј рок на важност е истечен во периодот на вонредната состојба.
Согласно владините уредби со законска сила донесена на 51-вата седница на Владата , на предлог на Министерството за
внатрешни работи, рокот на овие лични исправи се продолжува до 31 јули
2020 година.
„Тоа значи дека овие граѓани нема потреба да вадат нови патни исправи и возачки дозволи до овој датум, но доколку сепак сакаат да извадат нови документи, на располагање секој работен ден се службите на МВР.“, гласи денешното соопштение на МВР.
Слично
