МВР: Приведено едно лице поврзано со грабежот во НЛБ банка
Неколку часа откако е добиена пријавата, во МВР е уапсено едно лице во врска со настанот кој го обележа денешниот ден, грабежот во НЛБ банка.
Според полицискиот извештај вчера во 16.58 часот телефонски во ЕИК Скопје, Д.П., директор на Трезор на НЛБ „Тутунска Банка“, пријавил дека нивен вработен Б.С.(40) од Скопје извршил тешка кражба од трезорот на банката.
„Според пријавата вработениот одзел швајцарски франци и евра се во вкупна вредност од околу три милиони евра, по што незабележан од никого побегнал во непознат правец.
Истиот ден околу 19.00 часот, во врска со настанот во ПС Кисела Вода е приведено едно лице и се преземаат мерки за целосно документирање и расчистување на случајот“, соопштија од МВР.
Нашите информации велат дека со ништо не можело да се наговести дека Б.С. кова пеколен план да ја ограби банката каде што работи.
Крадецот бил семеен човек со две малолетни деца.
