Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР ПРИКАЖА ВИДЕО КАКО „ЛОВИ“ ДРОГА И МОБИЛНИ - акциска контрола во затворот во Скопје

МВР ПРИКАЖА ВИДЕО КАКО „ЛОВИ“ ДРОГА И МОБИЛНИ - акциска контрола во затворот во Скопје

Денеска Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал - Сектор за криминалистички истраги - Единица за недозволена трговија со дрога, во координација со Одделот за специјални полициски операции, СВР Скопје и тимови со службено куче од мобилната царина, под раководство на јавен обвинител спроведоа акциска контрола во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

При контролата, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во две ќелии и притоа биле пронајдени и одземени 25 пакувања со бела прашкаста материја, шест пакувања со марихуана и 12 мобилни телефони.

По извршено вештачење и целосно документирање на случајот, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал  ќе поднесе соодветна кривична пријава.


Слично

Поврзани вести