Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР потврди: Ниту има киднапирано дете, ниту пријавено ваков случај во Скопје

МВР потврди: Ниту има киднапирано дете, ниту пријавено ваков случај во Скопје

Паниката која се создаде на социјалните мрежи МВР конечно ја разби со официјално соопштение во кое наведува дека досега нема пријавено ниту еден случај за обид за киднапирање на дете во Скопје или пак воопшто дека група од маж и жена киднапирале деца. 

„Во врска со информациите кои последните денови се појавуваат на социјалните мрежи дека наводно неколку деца се грабнати или пак имало обиди за грабнувања и киднапирања на деца на територијата на град Скопје од организирана група, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ги информира граѓаните и жителите на главниот град дека досега во Министерството не е пријавен ниту еден ваков случај. Министерството за внатрешни работи, исто така, апелира до граѓаните,  доколку забележат сомнителни лица во нивните реони, во нивните улици или пак ако слушнат за вакви или слични настани веднаш да пријават на телефонскиот  број 192 или во најблиската полициска станица“, соопштија од МВР.

Денеска протече информација на Фејсбук која веднаш ја споделија сите корисници за наводен обид за киднапирање на дете во Ново Лисиче кај облакодерите од организирана група на маж и жена и дека случајот бил пријавен во полиција, но дека родителите не сакаат да даваат изјави за медиумите. Сепак, МВР потврди дека станува збор за фарса на Фејсбук која трае повеќе дена, но засега без јасни индиции зошто се шират вакви стравови.


Слично

Поврзани вести