Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР потврди: Јованоски бил повикан во полиција за омаловажување на Заев

МВР потврди: Јованоски бил повикан во полиција за омаловажување на Заев

МВР потврди дека вчера во полициската станица Прилеп бил повикан 32 годишниот член на „Левица“, Иван Јованоски, врз основа на член 13 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, соопшти МВР. 

Активистот во герила-акција на одбележувањето на празникот 11 Октомври во Прилеп влезе во вербална расправа со премиерот Зоран Заев додека се одвиваше протоколот на чевствување.

Тој е повикан поради омалoважување државен орган, односно омаловажување или навредување службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата.

- Народниот херој од 11 октомври од Прилеп - носителот на нашата советничка листа ИВАН Јованоски, кој му го покажа местото на Заев на буништето од Историјата - денес е повикан на распит во полициска станица!?, објави претходно лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев.



Слично

Поврзани вести