Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР потврди дека гледач е тешко повреден на автомобилска трка на Водно

МВР потврди дека гледач е тешко повреден на автомобилска трка на Водно

Викендов на патеката на водно имаше автомобилска трка која беше одбележана со еден инцидент по кој едно лице е тешко, а едно полесно повредено откако еден од возачите загубил контрола, и удрил во двете лица кои биле покрај патеката. Случајот го потврдија и од МВР:

„На 11.11.2018 година  околу  11,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на патеката за тркање на потегот од Панорама до Средно Водно, додека траела трката на автомобили, С.Т.(36) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола и удрил најпрвин во ѕид, а потоа во две лица Ј.Н.(39) и  А.М. (38), двајцата од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош лицата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар кај А.М. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Ј.Н. констатирани биле телесни повреди. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот“, се вели во извештајот на МВР.

По повод ослободувањето на Градот Скопје, викендов беа организирани трки на Водно каде настанот падна во сенка поради инцидентот кој се случи на почетокот од натпреварувањето. Имено, уште на самиот старт, при првата кривина, натпреварувач со „застава југо” удри во еден посетител. Според првичните информации повредениот се здобил со скршеници на двете нозе поради што трката била прекината, а повредениот со Итна помош веднаш бил пренесен до болница. Според информациите гледачот се движел непрописно во забранетата зона за пешаци, поради што на еден од свиоците кој бил без доволна прегледност бил удрен од возачот на застава југо. Инаку, по неколкучасовен прекин трките биле продолжени, но било одлучено да се извози само првата рунда поради раното стемнување. Имено, овој ридско – брзинскиот натпревар во автомобилизам се бодува за шампионатот на Македонија и е во рамките и на одбележувањето на празникот „Ослободување на Град Скопје – 13 Ноември”.

Слично

Поврзани вести