МВР: Постапуваме по пријава за напад откако лице се јавило во билетарата на МНТ
Ja известуваме јавноста дека постапуваме по пријава за напад откако едно лице се јавило во 16.45 часот во билетарата на МНТ, велат од полицијата.
Повикаа граѓаните да останат смирени, а медиумите да ги пренесуваат официјалните информации. Велат дека станува збор за стандардни мерки на МВР по добиена ваква пријава и штом ќе ги завршат проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја информираат јавноста за настанот.
„Станува збор за стандардни мерки на МВР после ваква добиена пријава и веднаш штом ги завршиме проверките и веродостојноста на информацијата ќе ја известиме јавноста соодветно“, велат од полицијата.
Претходно медиумите објавија дека се работи за дојава за бомба.
Слично
