Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР поднесува кривични за нападите во Собрание, се чека на ОЈО

МВР поднесува кривични за нападите во Собрание, се чека на ОЈО

Кривичните пријави кои Министерството за внатрешни работи вчера ги поднесе во јавното обвинителство се земени за разгледување, но ниту денеска нема одговор од дали се тие прифатени и дали ќе бидат побарани мерки против новопријавените.

МВР соопшти дека се идентификувани уште седум лица кои се товарат за кривичните дела учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие и учество во толпа што ќе изврши кривично дело.

Осомничените го пробиле полицискиот кородон, директно го нападнале лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а еден од напаѓачите го удирал и лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, додека тој бил соборен на под. Двајца од напаѓачите на села, татко и син, веќе издржуваат 30 дневен притвор за обид за убиство на пратеникот.

Извор: 24vesti.mk



Слично

Поврзани вести