Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ - поранешниот министер се гони за злоупотреба на службена дејност

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ - поранешниот министер се гони за злоупотреба на службена дејност

Покрената е кривична пријава против поранешениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Ова го објавија денеска Министерството за внатрешни работи, од каде посочуваат дека пријавата кон Спасовски е за дело од 2021 година. 

- На 09.12.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О.С. (49) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.4 во врска со ст.1 од КЗ.

О.С. додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи, односно во текот на 2021 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување овозможил на правен субјект- технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист во износ од 5.565.927 денари - се посочува во нивното соопштение. 

Од МВР додаваат дека Спасовски делото го сторил на начин што во законски предвидениот рок не донел решение за одземање на овластување за технички преглед врз основа на предлог, доставен од надлежна организациска единица за граѓански работи. 

- Истиот, иако знаел дека рокот за донесување решение за одземање на овластувањето е најдоцна до 15 дена од денот на доставување на предметот, не ја извршил својата службена должност согласно чл.65 ст.3 од Законот за возила и чл.5 од Правилникот за начинот и постапката за донесување и одземање на решението за овластување на правното лице за технички преглед на возила и за категории на возила за кои се издава овластување за технички преглед на возила - се појаснува во објавата. 


Фото: Архива

Слично

Поврзани вести