Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР поднесе кривична пријава против Фрчкоски, си потрошил 58 илјади долари од продажба на амбасада на СФРЈ

МВР поднесе кривична пријава против Фрчкоски, си потрошил 58 илјади долари од продажба на амбасада на СФРЈ

МВР поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против професорот Љубомир Фрчкоски и уште три други лица. Според МВР, тој како шеф на постојаната мисија во Обединетите нации си потрошил 58.721 долари од продажбата на југословенско дипломатско преставништво во Њујорк.

„На 12.05.2025 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Д.Ф. (67), К.Г. (37), Ј.И. (64) и И.С. (41), сите од Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ.

Пријавениот Љ.Д.Ф. во својство на службено лице - Шеф на Постојаната мисија на РСМ при ООН во Њујорк, во периодот од април 2022 година до октомври 2024 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што постапил спротивно на Инструкција од Министерството за надворешни работи и Мислење од Министерство за финансии. Љ.Д.Ф. од уплатените парични средства во вкупен износ од 3.998.721,72 американски долари на сметката на ПМ на РСМ при ООН во Њујорк по однос на заедничката продажба на сукцесиски објект на СФРЈ во Њујорк, на сметка на буџетот на РСМ уплатил парични средства во износ од 3.940.000,00 американски долари, односно преостанатите парични средства на сметката на ПМ на РСМ во Њујорк во износ од 58.721,72 американски долари од продажбата на сукцесискиот имот не ги уплатил на сметка на буџетот на РСМ. Овие средства, незаконски и ненаменски ги потрошил и постапил спротивно на Правилникот за финансиско и материјално работење, Упатството за водење на финансиското и материјалното работење, Правилникот за плата, додатоци на плата и надоместоци на определени трошоци и Интерната процедура за начинот и постапката на планирање, спроведување и реализација на јавните набавки“, објави МВР.

Според пријавата, Фрчкоски ненаменски и незаконски користел и земени аванси за службен пат, помалку вратен депозит за резиденцијата на амбасадорот, пречекорувања на дозволениот износ за мобилен телефон, како и неоправдани и дупли плаќања на одредени сметки за телефон и друго. Како што е соопштено, тој причинил материјална штета во износ од 57.855,18 американски долари.

Останатите три лица противзаконски му исплаќале парични средства од благајната на Фрчкоски  и не ги евидентирале неправилностите направени од страна на пријавениот.


Слично

Поврзани вести