Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР поднесе кривични пријави за насилството врз ученичката во Аеродром

МВР поднесе кривични пријави за насилството врз ученичката во Аеродром

МВР објави дека по извршениот разговор во полициска станица со две малолетнички и нивни родители во врска со насилството во скопски Аеродром ќе следуваат кривични пријави.

„На 01.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува. Потоа откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен со мобилен телефон од повеќе малолетници кои биле присутни, а едниот од нив го познавала. Истиот ден во полициска станица бил извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители“, објави МВР.

Известен е јавен обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа. Во врска со предметниот настан се преземаат активности за утврдување на идентитетот и на други инволвирани малолетни лица за целосно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „насилство“ и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“.


Слично

Поврзани вести