МВР по протестот пред министерството : Не примаме кандидати со кривично досие
„При детаљната безбедносна проверка беше утврдено дека 35 кадети што протестираа пред МВР поради тоа што не добиле договори за работа се сторители на кривични дела и тоа е причината што не се примени на работа. Ова е финална одлука од Министерството, не е нормално да примаме луѓе со кривични дела бидејќи се безбедносно ризични“, објаснуваат од МВР.
Кадетите што денеска протестираа пред МВР не ја поминаа безбедносната проверка и затоа не им е даден договор за работа, велат од Министерството за внатрешни работи за „Макфакс“.
„При детаљната безбедносна проверка беше утврдено дека 35 кадети што протестираа пред МВР поради тоа што не добиле договори за работа се сторители на кривични дела и тоа е причината што не се примени на работа. Ова е финална одлука од Министерството, не е нормално да примаме луѓе со кривични дела бидејќи се безбедносно ризични“, објаснуваат од МВР.
Конкурсот беше распишан за 600 полициски службеници кои ја завршија обуката, но сите не добиле договор за вработување, односно од овие 600 кадети, договор потпишале 565, а 35 останале без договор за работа.
