МВР ОТВОРЕНО ЗА ДЕБАТА СО ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ: Униформите што ги немаше деценија, сега се набавуваат!
Министерството за внатрешни работи ги повика на заедничка средба претставниците на полицискиот синдикат кој денеска пред Влада одржа мирен марш и побара покачување на платите.
Независните синдикалци пред медиумите се пожалија дека во буџетот за идната година воопшто не се споменати во однос на раст на примањата, а од МВР пак возвратија дека она што го немало цела деценија, како што се основна полициска опрема, униформи и чизми како и целокупно подобрување на стандардот на работењето на полициските службеници.
МВР посочи дека е секогаш отворено за разговор и смета дека само заеднички може да се донесат најоптимални решенија.
Слично
