Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР отстрани полицаец од работно место, пропуштил украдено возило на граница

МВР отстрани полицаец од работно место, пропуштил украдено возило на граница

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Д.С. за „примање поткуп“.

- Пријавениот, на работно место полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Ќафасан, преку социјална мрежа започнал комуникација со едно лице, при што директно побарал парични средства за себе за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно договорил на 05.04.2026, додека извршувал работни задачи на граничниот премин, на излез од државата да го пропушти лицето и патничкото моторно возило, кое го управувал, иако не е негова сопственост, не поседувал полномошно и возилото евидира како украдено на „стоп листата“ во системот за контрола на патници и возила, објави МВР.

Одделот за внатрешна контрола против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка - отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка


Слично

Поврзани вести