Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР ОФИЦИЈАЛНО: 17-годишникот што загина во судар со автобус на ЈСП бил возач на автомобилот

МВР ОФИЦИЈАЛНО: 17-годишникот што загина во судар со автобус на ЈСП бил возач на автомобилот

Во автобусот на ЈСП во тешката соображајна несреќа што се случи вчера удриле два автомобили, објави официјално МВР, при што едниот возач побегнал од местото, а другиот кој имал 17 години починал во болница.

Во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај Блаце учествувале автобус на ЈСП Скопје со број 81 и два автомобила.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд галакси“ и неговиот малолетен сопатник од Блаце, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ - Скопје, каде што подоцна возачот починал.

„Вчера околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на патот Шуто Оризари – Горно Оризари со сервисна улица која го поврзува патот со ул. „Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП, управуван од Г.М.(51) од Скопје, патничко возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од с. Блаце, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, по што возачот со возилото го напуштил местото“, објави полицијата.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.


Слично

Поврзани вести