Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР одзеде уште едно возило кое било нерегистрирано

МВР одзеде уште едно возило кое било нерегистрирано

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицијата со новото законско решение одзело уште едно возило нерегистрирано повеќе од шест месеци при сообраќајна контрола.

Синоќа околу 22.25 часот во тетовското село Теново полициски службеници времено одзеле патничко моторно возило „рено 4“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувало 17-годишно лице од ова село.

Возилото не било регистрирано повеќе од 6 месеци, а против сопственикот на возилото ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Слично

Поврзани вести