Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР одговори за службеното возило видено во Грција

МВР одговори за службеното возило видено во Грција

Министерството за внатрешни работи oдговори за службеното возило кое на 2 август ја минало границата со Грција.

Во соопштението што стигна вечерва стои дека по написот објавен на порталот Нет прес била издадена наредба за испитување на случајот и е „констатирано дека на ден 2 август 2018 година, возилото „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ е управувано од полициски службеник вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти кој возилото го управувал со соодветен службен налог. Возилото во 13 часот и 35 минути го преминало граничниот премин Богородица и патувало на територија на Република Грција. Возилото е вратено во Република Македонија истиот ден, 2 август 2018 година.“

МВР негира дека возилото го управувало неовластено лице и дека е управувано од член на семејството на директорот на Биротото за јавна безбедност. Но, додава дека ако се утврдат неправилности, по дополнителните проверки, ќе бидат преземени мерки.

Слично

Поврзани вести