МВР: Од дома пукал кон стан од зграда во Струга
МВР извести дека е лишено од слобода лицето што пукаше кон стан во Струга,како и тоа дека при претресот кај него пронајдени куршуми и дрога.
Од својот дом во Подмоље, Г.М.(48) ноќта на 29/30.10.2025 со пиштол пукал кон стан во зграда во Струга, при што е направена материјална штета, а повредени лица нема.
При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се 25 куршуми и бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против Г.М. ќе поднесе соодветни кривични пријави.
Вќера беше пријавено дека на улицата „Маркс и Енегелс“ во Струга ноќеска имало пукање со огнено оружје. Според информацијата, утрово во 6 часот и 50 минути Д.М. од Струга пријавил дека околу 3 часот слушнал истрели од огнено оружје.
Слично
