Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР објави потерница за Филип Секуловски

МВР објави потерница за Филип Секуловски

Филип Секуловски, осомничен за убиството на 28-годишниот фудбалер Мартин Јанушев, е ставен на листата за потраги објавена на веб сајтот на Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата минатата недела соопштија дека Секуловски е осомничен за убиството на Јанушев, што се случи пред 18 дена, а по него беше и распишана меѓународна потерница.

Покрај објавената фотографија, се наведени и личните податоци на Секуловски. 

Управата за извршување санкции веќе потврди дека против Секуловски е распишана потерница како бегалец од затворот во Шуто Оризари. Секуловски е пуштен на слободен викенд во петок пред убиството, а потоа не се вратил на издржување на казната.

Јанушев беше убиен на 3-ти ноември  со неколку куршуми на влезот од неговата зграда на улицата „Владимир Комаров“ во скопската населба Аеродром.

Слично

Поврзани вести