Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Непозната црна течност истекува во близина на Пинтија

МВР: Непозната црна течност истекува во близина на Пинтија

Непозната црна течност истекува во близина на Пинтија.

Во СВР Скопје денеска околу 14 часот е пријавено дека на бул. „Борис Трајковски“ во близина на населба Пинтија истекува непозната црна течност од атмосферската канализација и истата се излева по булеварот.

Полициски службеници од СВР Скопје се излезени на лице место. Сообраќајот се пренасочува и се преземаат мерки за утврдување на причините и расчистување на случајот.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вечерва го повика Град Скопје да постапи по еколошката хаварија во Пинтија.

„Објект за производство на стиропор во Пинтија, со елаборат за заштита на животната средина издаден и одобрен од страна на Градот Скопје на 31.12.2021 година со број 08-10300/4, поради истекување хемикалии користени за потребите на производството, во текот на денешниот ден направи хаварија во овој дел на општината. Граѓаните немаат причина за вознемиреност зашто Општината ги презеде сите мерки за заштита. Од наша страна, иако не е во рамки на нашите надлежности, а во соработка со екипите на Противпожарната бригада од Скопје, обезбедивме пилевина и песок како најдобра солуција против пролизгување во вакви случаи на хаварија. Инспекторите од Кисела Вода веднаш излегоа на терен и констатираа протекување на хемикалии од вентил при дефект, кои се користеле за производството“, објави градоначалникот Ѓоргиевски на Фејсбук.

Слично

Поврзани вести