МВР: Нема посериозни нарушувања на јавниот ред и мир
На денешното гласање на локалните избори нема посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Забележан е еден инцидент во општина Бутел, кој не е поврзан со изборите, а МВР има пријава и за седум случаи за поткуп, вели портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Тој информираше дека полицијата е на терен, како и дека имало регистрирано привремен прекин или доцнење на гласањето на 20-тина гласачки места од технички причини и гласањето е продолжено.
Слично
