Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР негира дека на Богородица е поставено албанско знаме

МВР негира дека на Богородица е поставено албанско знаме

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека нема поставено албанско знаме на граничниот премин Богородица, откако утрово такви фотографии се појавија во медиумите.

Од МВР велат можно е фотографиите да се фотомонтажа. 

„Откако во одредени медиуми се појавија фотографии со поставено албанско знаме на граничниот премин Богородица, извршени се проверки по што е утврдено дека нема поставено албанско знаме на местото" - велат од МВР.

Ваков случај не е пријавен во полиција. 


Слично

Поврзани вести