Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР не пронајде друг „Тигар“ зависник од дрога

МВР не пронајде друг „Тигар“ зависник од дрога

МВР по медицинските прегледи извршени од 10 јули не утврдиле дека има уште некој друг зависник од дрога помеѓу припадниците на специјалната антитерористичка единица „Тигар“, соопшти Алсат ТВ.

„Беа направени анализи на двајца членови на САЕ „Тигар“. Кај еден од нив е констатирано присуство на дрога која се консумирала во организмот. Наведениот службеник е суспендиран, додека соодветната Комисија ја спроведува постапката за докажување одговорност“, наведоа од МВР.

На 10 јули, во една од дискотеките во Скопје, полицијата уапси две лица, Д.С и М.К., едното за поседување дрога при претресот и обидот за бегство, а другото за спречување на полицајците да го совладаат осомничениот. Подоцна беше потврдено дека Д.С. е член на единицата „Тигри“. 

Неофицијално, извори на Алсат тврдат дека голем број припадници на оваа елитна полициска единица земале медицинско отсуство во моментот кога наредбата за тестирање на крвта била дадена за целата единица за евентуално да се избегне лекарски преглед.


Слично

Поврзани вести