Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Не е пријавен случај на спасени мајка и ќерка во Сингелиќ

МВР: Не е пријавен случај на спасени мајка и ќерка во Сингелиќ

Од полицијата информираат дека до нив не е пријавен случај на спасени мајка и ќерка во Сингелиќ.

Во соопштението стои дека до скопската полиција не е пријавен случајот, за кој јавија дел од медиумите и социјалните мрежи, дека еден човек спасил жена и дете кои четири дена биле заглавени во кал во село Сингелиќ.

Според медиумите,  тој успеал да ги спаси и да ги пренесе во болница жената и девојчето, а тие најверојатно биле од Албанија. Медиумите пренесоа дека идентитетот на жената не е познат.  Од МВР велат дека тие ги контактирале сите градски болници, Клиничкиот центар и Брзата помош во Скопје, но дека вакви лица не се пријавени.

Слично

Поврзани вести