Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Над петстотини сообраќајни незгоди со потешки последици во првите четири месеци од годината

МВР: Над петстотини сообраќајни незгоди со потешки последици во првите четири месеци од годината

Возачите беснеат по улиците, не се почитуваат сообраќајните знаци, нетрпението се покажува од минута во минута зад воланот, не се уклучуваат жмигавци за вртење  лево или десно, се свири буквално непотребно на семафори, слика која секојдневно ја гледаме низ Скопските, но и низ улиците во секој град од државата.

Скоро секој ден се случува по најмалку една сообраќајна незгода со посериозни последици, со повредени или кога има причинета поголема материјална штета, и покрај сите укажувања и педупредувања од надлежните возачите продолжуваат со својот начин на невнимание и брзина.

Министерството за внатрешни работи вели дека во првиот квартал од тековната година се случиле 560 сообраќајни незгоди со потешки последици. Само во изминатите неколку дена на патот Штип-Радовиш, Ресен –Охрид и во Скопје се повредени неколку лица учесници во сообраќајот како последица на незгода предизвикана од сообраќајка.

Надлежните секојдневно апелираат да се внимава зад воланот, да се вози со ограничената брзина на движење на возилото, да се почитуваат сообраќајните знаци. Но, на крајот од минатата година и по обработката на податоците резултатите покажуваат дека дури 3.740 сообраќајни незгди со потешки последици се случиле на териоторијата на Македонија во 2018 година.

Загрижувачки бројќи кои треба да го кренат вниманието и свеста на возачите и кај пешаците.

Исто така, според МВР од овие сообраќајни незгоди учетувувале 501 возачи кои немале стекнат право да управуваат возило, односно возеле без возачка дозвола.
Н.М.

Слично

Поврзани вести