Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Началникот на Алфите бил на извршување на службени задачи со службено возило во Охрид

МВР: Началникот на Алфите бил на извршување на службени задачи со службено возило во Охрид

Министерството за внатрешни работи соопшти дека началникот на Алфите, Примислав Димовски, бил на извршување на службени задачи, откако медиумите објавија дека е забележан со службено возило во Охрид.

„Во врска со информациите кои излегоа во некои медиуми за наводо прекршување на Наредбата за користење на службени возила во МВР, Ве информираме дека Примислав Димовски –началник на Единицата за прв одговор и интервенција – АЛФА согласно Наредбата, а во врска со Правилникот за распределба,  користење, одржување и обновување на возилата на Министерството за внатрешни работи има право на 24 часовно користење на службеното возило“ - наведуваат од МВР. 

Додаваат дека се запознаени со движењето и користењето на возилото во дадениов случај. 

Слично

Поврзани вести