Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР НА ПОТЕГ - дали и кого ќе казни денеска за синоќешниот собир

МВР НА ПОТЕГ - дали и кого ќе казни денеска за синоќешниот собир

Денеска е на потег Министерството за внатрешни работи. Тоа треба да каже дали и како ќе ги казни организаторите и присутните на синоќешниот собир. Од МВР рекоа дека на овој настан учествувале голем број присутни, кои не носеле маски, ниту пак била обезбедена дистанца. Полицијата најавува соодветни казни затоа што според сѐ уште важечките рестриктивни мерки за заштита од ковид-19 забави со диџеј се забранети.

Инаку, снимка од забава со повеќе десетици лица без маски и дистанца, одржана синоќа на отворено пред Музејот на Македонија во Скопје, доцна вечерта вчера почна да се врти на социјалните мрежи.

На снимката се гледа диџеј кој пушта музика, метеж и повеќе лица како танцуваат и се забавуваат без почитување на основните мерки за заштита.

Од МВР изјавија дека веќе се запознаени со случајот, постапуваат, односно работат на идентификување на лицата кои ги прекршиле протоколите. За текот на утрешниот ден се најавуваат и соодветни пријави. 

Мира Гаќина, директорка на музејот, рекла дека не се работело за журка, туку за перформанс, одржан во рамките на меѓународното биенале на млади уметници и дека настанот бил организиран според предвидените протоколи.

Всушност, за многумина што го видоа тој настан беше една класична журка, а за организаторите беше уметнички перформанс. 

Слично

Поврзани вести