МВР му врати на Апасиев: Возилото не е на министерот, пратеникот да не шири лаги
Пратеникот Димитар Апасиев со лаги ја манипулира јавноста, стои во демантот кој го испрати МИнистерството за внатрешни работи откако тој објави дека додека министерот Оливер Спасовски руча, возилата на обезбедувањето блокираат цела улица. Од полицијата тврдат дека спорното возило не е на МВР и дека му бела изречена санкција.
„Министерството за внатрешни работи ги демантира лажните вести кои упорно ги шири пратеникот Димитар Апасиев. По минатонеделниот обид со лаги и подметнувања да ја оцрни полицијата, за што доби соодветна лекција и од стручната јавност, Апасиев сега повторно се обидува со лаги да ја манипулира јавноста. Тој на социјалните мрежи објавува фотографија од неправилно паркирано возило, лажно обвинувајќи дека тоа е возило на МВР. Вистината е сосема различна. Спорното возило не е на МВР, а покрај тоа, на ова возило му изречена е соодветна санкција. Апелираме до пратеникот да почне да се однесува како пример за заедницата и наместо со лаги и манипулации да покаже достоинство за функцијата за која го гласале граѓаните, пишува во демантот.
Слично
