Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР му го одзеде „крајслерот“ на Турчин кој тероризирал со бучава

МВР му го одзеде „крајслерот“ на Турчин кој тероризирал со бучава

МВР одзеде возило од турски државјанин откако создавал голема бучава со своето возило.
„Денеска (30.03.2025) околу 01.00 часот од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул. ,,Партизански одреди, било одземенo патничко моторно возило „крајслер“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.Г. од Р. Турција со привремен престој во Скопје, поради создавање голема бучава.

На С.Г. му е изречена соодветна парична глоба, а возилото под сомнение за техничка исправност ќе биде однесено во станица за технички преглед каде од страна на стручни лица ќе се утврди дали е технички исправно и дали ги исполнува условите за учество во сообраќај.“објави полицијата.


Слично

Поврзани вести