Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Лице приведено за закани кон Митко Јанчев

МВР: Лице приведено за закани кон Митко Јанчев

МВР во денешниот билтен потврди дека едно лице е приведено за упатени закани кон градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

„На 28.12.2019 во 20.10 ч. во ПС Кавадарци e приведен З. Б. (40) од Кавадарци поради основи на соменение за сторено кривично дело загрозување на сугурноста односно поради закани по животот кон М.Ј. и неговото семејство. Со соодветен поднесок З.Б. е предаден на надлежното обвинителство“, гласи во полицискиот билтен.

Претходно ТМРО реагираше дела по објавен фејсбук-статус за градоначалникот на Кавадарци приведен е Здравко Бошков, претседателот на општинскиот комитет на оваа партија.

„Со ваквите удбашки методи се дава до знаење дека демократски избори нема да има, а слободата на говорот и слободата на јавното мислење кои се темел на Уставот се целосно цензурирани. Очигледно е дека во предвечерието на 2020 се подготвува среќна нова 49. За овој политички притисок со закани спрема функционери на ТМРО, ќе бидат писмено известени сите политички чинители, државни институции, но и дипломатскиот естаблишмент во земјава“, соопшти ТМРО.



Слично

Поврзани вести