Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Лажни се дојавите за бомби во трговските центри

МВР: Лажни се дојавите за бомби во трговските центри

МВР објави дека станува збор за лажни дојдави за бомби кои преку електронска пошта биле испратени до Министерството за внатрешни работи за трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје. 

По повеќе од двочасовната проверка во внатрешноста и околу објектите, МВР соопшти дека дојавите дека се поставени електронски направи се лажни. Нема информации за тоа кој ги испратил мејловите до МВР. 

- Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби - се наведува во соопштението од МВР.

Претходно денеска вработени во трговскиот центар Ист гејт за МИА изјавија дека околу 10:30 часот добиле порака да ги напуштат своите работи места, по што трговскиот центар беше затворен за купувачите, а оние кои сакаа да влезат беа вражани од полицајците кои го обезбедуваа трговскиот центар. 

Фото: МИА

Слично

Поврзани вести