Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР: Лажни профили се претставуваат како Интерпол и нудат помош за изгубени инвестиции од „Конти“

МВР: Лажни профили се претставуваат како Интерпол и нудат помош за изгубени инвестиции од „Конти“

Полицијата алармира за нова голема измама, односно лажни профили се претставуваат како Интерпол и нудат помош за изгубени инвестиции од „Конти“. 

Како што додаваат од полицијата, тие нудат некаков вид на помош, посредување па дури и враќање на парични средства на лица кои своите пари ги изгубиле во лажни онлајн инвестиции како што беше „Конти“ и други слични.
Предупредаат дека се работи за класични интернет измами или таканаречени Phishing измами чија цел е прибирање на лични податоци со цел понатамошно нивно користење во криминални деанија, како и злоупотреба на нивните платежни картици со цел стекнување на финансиска корист. 
„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами и да бидат многу внимателни каде ги оставаат своите лични податоци како и податоците од своите платежни картици. Исто така напоменуваме дека Министерството за внатрешни работи има свои канали на комуникација, односно сите линкови кои се поврзани со нашето министерство можете да ги најдете на официјалната на страна на министерството за внатрешни работи, односно www.mvr.gov.mk“, велат од МВР.

Апликацијата Конти „олесни“ илјадници Македонци со илјадници евра.

Слична апликација за измама се појави и во 2022 година, кога исто така беа измамени илјадници граѓани, а други заработија големи суми.

Слично

Поврзани вести