Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР ќе врши тестирање на камерите за „Безбеден град“, ќе има привремени ограничувања

МВР ќе врши тестирање на камерите за „Безбеден град“, ќе има привремени ограничувања

Министерството за внатрешни работи(МВР) ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20 јануари (вторник) до 31 јануари (сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор.

Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот.

„За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје. Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности“, велат од МВР. 

Овој проект има за цел да ги намали сообраќајните прекршоци и несреќи. 

Слично

Поврзани вести