Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР ќе изведе вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД

МВР ќе изведе вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД

Утре претпладне (сабота 30 септември) припадници на Министерството за внатрешни работи ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје.

Вежбата ќе се изведува во Амбасадата на САД. Како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје. Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затворање на крстосниците во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот. Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Американската амбасада при преземање активности за справување со кризни ситуации.

Слично

Поврзани вести