Економија, финансии, бизнис

Контакт

МВР ќе го „расчистува“ пукањето на прославата во Чаир

МВР ќе го „расчистува“ пукањето на прославата во Чаир

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека работат на расчистување на случајот со рафалното пукање при вчерашната прослава на ДУИ за победата во општина Чаир на плоштад Скендербег, 

„Се преземаат мерки и активности и работиме на расчистување на случајот“,  велат од Министерството.

Според законот, за пукање со огнено оружје треба да следи прекршочна постапка бидејќи, станува збор за нарушување на јавниот ред и мир.

Дел од чаурите завршуваа на долниот дел од катот на плоштадот и парчиња бетон завршија врз главите на новиот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу и  вицепремиерот Бујар Османи.


Слично

Поврзани вести